недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина таткото на Стефан Богоев, новинарот Владимир Богоев

Почина таткото на Стефан Богоев, новинарот Владимир Богоев

Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот, напиша на Фејсбук поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

-Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Новинар, еден од основачите на “Дневник”. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…, пишува Богоев.

Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица. Сочувство до семејството.

Најнови вести