понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Почина Зоран Нарашанов, директор на „Винер“

Почина Зоран Нарашанов, директор на „Винер“

Почина претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „Винер – Виена Иншуренс груп“, Зоран Нарашанов, соопшти компанијата.

„На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е.

Проф.-д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи.

Во ВИНЕР нема да биде исто без него“, пишува во објавата од „Винер“.

Нарашанов е доктор по економски науки, кој магистрирал во областа на индустриско инжинерство и менаџмент. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка.

Во осигурителниот сектор се вклучува во менаџерскиот тим на „Кјуби Македонија“, а подоцна кариерата ја продолжува како главен директор за човечки ресурси и право во АД „Македонски Телеком“. Нарашанов беше и генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Сигма“ АД – Скопје по што останува Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на ребрендираната осигурителна компанија „ВИНЕР“ – Виена Иншуренс-Груп.

Најнови вести