На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник, Никола Матлиески – Пашата.
Матлиески кој почина во саботата на 89 години, го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. Тој беше и успешен стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.
Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот. (МИА)