Пепси означи почеток на нова, исклучително атрактивна наградна игра.
Се што треба да направиш е да купиш било кое Пепси пакување и да одиш на www.40.pepsi.com.mk. Таму ќе го впишеш кодот од фискалната сметка заедно со датумот и часот на купување, а она што ќе преостане е да се освежиш со одличниот Пепси вкус и да ја чекаш својата награда.
А наградите богами, се навистина примамливи. Почнувајќи од 1-ви јуни, ќе има по едно извлекување на 40.000 денари секој ден во месецот. Големото финале ќе дојде на 1-ви јули кога со извлекување во живо ќе се додели наградата од 400.000 денари!
Но, што се крие зад 40-ката која се појавува секаде? Верувале или не, годинава се бележат точно 40 години од договорот со кој во Македонија пристигна еден од најголемите светски брендови.
Во 1979-та, Прилепска Пиварница и PepsiCo ставија потпис на договорот кој е важечки до ден денеска, правејќи го еден од најдолготрајните активни франшизни договори на американскиот гигант било каде во светот, нешто на кое Македонија може да биде исклучително горда.
Во тие години Прилепска Пиварница се закити со десетици врвни одличја за квалитет од PepsiCo и се докажа како еден од најуспешните соработници на компанијата во светски рамки. Круната на оваа соработка дојде во 2014-та година, кога PepsiCo одлучи да и ја додели на Прилепска Пиварница најголемата можна награда – Chairman’s Circle of Champions, награда која ја добија само 0.25% PepsiCo производители во светот…
Прилепска Пиварница планира повеќе активности во склоп на прославата на 40 годишнината, а за македонските фанови на Пепси ја подготви оваа наградна игра во која учествуваат сите Пепси пијалоци, без разлика дали се купени во супермаркет, ресторан или кафуле.
Затоа без губење време, трк до најблиското Пепси место, уживај во одличниот освежувачки вкус и освој топ парични награди.