понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна регистрацијата по половина цена на возилата со странски таблички

Почна регистрацијата по половина цена на возилата со странски таблички

Граѓаните  кои имаат возила со странски регистарски таблички веќе можат да ги регистрираат по половина цена како што предвидува Законот кој стапи на сила од вчера. Граѓаните имаат рок од шест месеци да достават барање за регистрација на возилото, а целата постапка да ја завршат за една година.

Македонска табличка можат да добијат граѓаните кои имаат возило со најмалку ЕУРО4 стандард, кое е увезено најдоцна до почетокот на октомври лани. Еден од условите е сопственикот на возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Износот на обврските за возилата кои ќе се увезат и регистрираат согласно овој закон се намалува за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Со законот за регистрација на возилата со странски таблички се уредуваат постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници, товарните возила, возила на две и три тркала и квадрацикли  ккао и приколките и полуприколките.

Најнови вести