сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почнаа тестовите за државната матура

Почнаа тестовите за државната матура

Околу 16 илјади средношколци во земјава ќе полагаат државна матура. Од Државниот испитен центар велат дека за следење и спроведување на процесот се ангажирани околу 2000 наставници и тестирачи и околу 300 набљудувачи.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека оваа генерација пропуштила голем дел од образовниот процес поради пандемијата и од штрајковите и навести дека неговите очекувања за резултатите од оваа државна матура не се големи.

“Јас лично поради трудот и пожртвуваноста која ја дадоа учениците и и трудот и поддршката од сите професори, се надевам дека ќе постигнат максимални резултати. Но, убеден сум дека резултатот на оваа државна матура ќе има влијание и тоа што споменав претходно“, рече Шаќири.

За резултатите од матурата нема големи очекувања и директорката на СМГУ „Панчо Караѓозов“, Маја Салиу.

“Со оглед на пропуштените часови и со оглед на тоа што дел од наставниот процес на оваа генерација се одржуваше онлајн, а на почетокот на пандемијата имаше прекини, факт е дека не може да се очекува највисоко ниво на образование во тој аспект. Но, сигурна сум дека и прашањата и материјалите се медифицирани“, рече Маја Салиу- директорка на „Панче Караѓозов“.

Матурантите во рамките на државната матура полагаат два екстерни и два интерни испити, како и проектантска задача. Следниот испит е на 13 јуни по англиски, германски, француски, руски, математика, естетика и филозофија. Резултатите од матурата треба да бидат објавени 30 дена по конечното завршување.

Најнови вести