среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почнува судскиот процес против новинарот Златев, тој порачува дека за слобода и демократија е подготвен да оди во затвор

Почнува судскиот процес против новинарот Златев, тој порачува дека за слобода и демократија е подготвен да оди во затвор

Утре во 9:30 часот во Основниот кривичен суд Скопје, ќе се одржи првото рочиште во судскиот процес кој Обвинителството го покрена против мене за оддавање на службена тајна, посочува новинарот Љупчо Златев.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост:

Самиот процес е како од роман на Кафка, ако се има предвид дека ме теретат за оддавање на службена тајна, а документите кои ги објавив се класифицирани само како “Интерно” и содржински говорат за огромни политички злоупотреби во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Вина нема да признаам, затоа што во секоја демократска и слободна земја, јавниот интерес е поважен од било која класификација. Особено ако се има предвид дека се работи за објава за злоупотреби од страна на тајните служби.

Доколку обвинителството сака да покаже прозападни и демократски вредности – треба да го повлече обвинението!

Во исто време, се прашувам каде се претседателот Пендаровски и премиерот Заев да кажат 2-3 збора? Устите им се полни со европски перспективи, а во исто време премолчуваат на класичното кршење на слободата на изразување.

Процесот против мене е чисто политички процес, процес со кој на сите новинари треба да им се даде до знаење дека не смеат да објавуваат за кршење на човековите права од страна на службите!

За слободата и демократијата во кои верувам јас сум подготвен да одам во затвор.

По утрешното судење ќе следува изјава за медиумите.

Почитувани пријатели,Утре во 9:30 часот во Основниот кривичен суд Скопје, ќе се одржи првото рочиште во судскиот процес…

Gepostet von Ljupcho Zlatev am Montag, 28. September 2020

 

Најнови вести