Преку 450 етикети на вино од 50 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на четвртиот „Скопски вински салон – Винодонија 2019“ што се одржува денеска и утре во хотел Мериот во Скопје.
Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи, чоколадо, кафе, како и работилници, предавања и мастер клас дегустации.
И двата дена амбиентот ќе биде збогатен со звуците на професионални музички бендови.
Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години.
И двата дена салонот ги отвора вратите за посетителите од 15:00 до 21:00 часот.
Картите за „Скопски вински салон – Винодонија 2019“ можете да ги купите на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари по лице, за секој ден посебно.