Се поставува прашањето како ЕСМ ќе го сервисира овој заем од 25 милиони евра во иднина, ако се има во обзир нивната лоша финансиска состојба?, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на денешната Собраниска седница.
„Раководството на ЕСМ поради недомаќинско и нестручно работење за еден месец потроши милиони евра на купување на струја односно близу 9 милиони евра што е еквивалетно на 10 мегавати фотоволтаици“, рече Поцкова.
Поцкова додаде дека додека секаде во светот компаниите што произведуваат електрична струја сега заработуваат најмногу, а единствено нашата државна компанија за производсвто на електрична енергија е загубар
„Наместо да се копаше јаглен за домашно производсвто на струја, тогаш се правеа шеми од раководството на ЕЛЕМ за испумпување на пари од компанијата за фиктивни ископување на јаглен“, кажа Поцкова.
Поцкова потенцираше дека во РЕК Битола повторно има проблеми, од големите багерски единици и неколку стотици метри тракасти транспортери се поплавени и повторно се претворени во подморници. Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие.