петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Под просек повеќето реки во Македонија за месец јули

Под просек повеќето реки во Македонија за месец јули

Нивоата на повеќето реки во земјава се под просекот за јули, покажуваат денешните хидролошки мерења. Водостојот на Црн Дрим кај Ложани е три пати понизок, а преполовени се Вардар кај Јегуновце и кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, Сатеска кај Ботун и Црна кај Новаци.

Над просекот, со двојно зголемување, е Бабуна кај Богомила.

Состојбата кај езерата е без поголеми промени. (МИА)

Најнови вести