петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поддршката продолжува: Слобода за Елена!

Поддршката продолжува: Слобода за Елена!

Елена Доцевска-Божиновска е една од притворените во Истражниот затвор „Скопје“ за настаните од 27 април. Поддршката за Елена, мајка на две малолетни дечиња со секој изминат ден е се поголема.

Пораки и гестови на искрена поддршка од луѓе, знајни и незнајни, од различна националност, вероисповед и политичка определба, се најголемиот показател и сведоштво за тоа каков човек е одделен од своето семејството. Слобода за Елена се бара и на социјалните мрежи, но и и преку написи поставени на оградите од затворот. За неправдата Елена доби и поддршка од затвореничките кои заедно со неа штрајкуваа со глад. А најголемата храбрата жена секојдневно ја добива и од своето семејство, нејзиниот сопруг во екот на новогодишните празници и упати порака: Нашите мисли и срца се со Неа. Бог да ја укрепи и да и даде сила. Те сакаме!

Најнови вести