Откако, НГИ „КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ“ јавно ја подржи професорката Гордана Силјаноска Давкова, која е кандидат на ВМРО ДПМНЕ, за Претседател на Република Македонија, истите се под силни закани, уцени и малтретирања од страна на администрацијата и не можат да остварат право кое им следува по Устав и Закон.
Имињата на тие административци се нотирани и подготвени се извештаи до ОБСЕ како и меѓународнат заедница. Декларативно, сите се залагаме за фер, слободни и кредибилни избори, а на терен имаме сосема поинаква објективна стрварност. Воопшто не е „грев“ да се поддржи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи истата политичка партија од 1997 година е стратешки партнер на Еѓипќаните, имаме Меморандум за Соработка и долгогодишна соработка, а визијата на Проф .Д-р Гордана Силјановска Давкова ни е блиска и преку истата го гледаме прогресот на заедницата на Еѓипќаните, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ“ Демир Далип, кој додаде дека се плаши за неговата сигурност како и сигурноста на членовите и симпатизери на НГИ КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, но се одлучни до крај да ја одбранат својата дадена поддршка.