вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОДЕМ до Заев и Димитров: Не ветувајте решенија со коишто знаете дека македонскиот народ нема да се согласи

-Не ветувајте решенија со коишто знаете дека македонскиот народ нема да се согласи. Немојте да го изневерите и разочарате македонскиот народ со решение коешто ќе води кон менување на уставното име и идентитетот. Тоа не смее да се направи. Не му давајте крилја на грчкиот екстремизам. Светот веќе знае кој е во право, а македонскиот народ тоа го знае најдобро, стои во соопштението.
ПОДЕМ до Заев и Димитров: Не ветувајте решенија со коишто знаете дека македонскиот народ нема да се согласи

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) преку соопштение ја повикува македонската преговарачка страна во спорот со името, а пред сè шефот на дипломатијата, Никола Димитров, со транспарентни информации за јавноста да спречат создавање конфузија околу тоа што точно се преговара и договара со Грција.

-Продолжувањето на разговорите под покровителство на Обединетите нации е редовен канал на преговори. Но, кога веќе се разговара во ОН, повикуваме да се земе предвид и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Грција еднаш веќе ја прекрши Привремената спогодба од 1995 година со тоа што стави вето на членството на Македонија во НАТО, велат од ПОДЕМ.

Оттаму ги повикуваат македонските преговарачи да одговорат пред македонската јавност со каков став настапуваат во преговорите во однос на грчките барања за сложено име за општа употреба, односно дали има некакви договори околу уставот, националноста и јазикот.

-Отворено да кажат што ѝ прифатиле на Грција, што таа отворено бара промена на Уставот, што само по себе води до промена на идентитетот. Ако такво нешто е договорено во Обединетите нации подобро воопшто и да не разговараат. Што ѝ е прифатено на Грција, го повикуваме да каже и премиерот Зоран Заев, кој од Турција порача дека тоа е решение што е единствено возможно за нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Ако тоа решение е на сметка на Македонија и македонскиот народ, такво решение не ни е потребно, стои во соопштението на ПОДЕМ.

Партијата воедно бара од сите оние кои на формален или неформален начин се вклучуваат во преговорите со Грција да бидат многу внимателни.

Најнови вести