четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Подгответе се: Утре ќе биде најстудениот ден до крајот на оваа зима

Подгответе се: Утре ќе биде најстудениот ден до крајот на оваа зима

Студениот бран кој во моментов се наоѓа над Македонија најстуденото време ќе го донесе утре наутро. Тогаш се очекуваат околу 8 степени под нулата во градовите и минус 10 на поцисоките места.
Но тоа ќе биде најстудениот ден до крајот на оваа зима.

Студено ќе биде и во недела но тогаш температурите ќе се движат од минус 5 во утринските часови па до 3 степени во текот на денот.

Снежните врнежи се очекува да се смират ноќеска а нови услови за снег може да се создадат дури кон средината на идната недела но и тогаш нема да бидат интензивни и нема да формираат снежна покривка.

Малку под нулата во утринските часови ќе биде и во текот на целата наредна недела, но дневните температури ќе растат па така во првиот викенд идниот месец ќе имаме и 8 степени максимална дневна температура во Скопје и над 10 низ републиката.

Слично време се очекува да се задржи речиси во целиот месец февруари, со температури кои во текот на ноќта ќе се спуштаат околу 0 степени а преку ден ќе се искачуваат до 10.

Најнови вести