понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поднесена интерпелација за Спасовски, ќе се бара и недоверба на влада

Поднесена интерпелација за Спасовски, ќе се бара и недоверба на влада

Пратениците да се изјаснат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство, бараат од Алтернатива и Алијанса за Албанците, кои  поднесоа интерпелација за министерот Оливер Спасовски во Собранието.  Причина е бегството на Мијалков, за кое се убедени дека е поддржано од власта. Бараат и од претседателот на Собранието итно да свика седница со оваа точка, објавува Телма.

За ВМРО ДПМНЕ не е доволна оставка од Спасовски. Најавија дека ќе бараат гласање на доверба на владата. Бараат  формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и вонредни парламентарни избори.

Одговорност од сите кои намерно, ненамерно или од незнаење направиле пропуст или можеби свесно му овозможиле на Мијалков да избега, побара и коалициониот партнер во власта, Павле Трајанов.Потсетува дека, најголемата одговорност за нефункционирањето на системот и на безбедносните структури ја има владата.  Доколку има основа за политичка одговорност, таа треба да се понесе, а тој лично  ќе стои зад тоа, без оглед за кого се работи и на која позиција е во моментов.

Од ДУИ не сакаа да коментираат за случајот. Им оставаат простор на институциите да им дадат одговор на граѓаните.

Најнови вести