Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска по повод Велигденските празници ќе приреди празничен прием за поглаварите и претставниците на петте верски заедници застапени во Уставот на Република Македонија.
Приемот ќе се одржи во 14 часот во Архиепископската резиденција, а најавено е присуство и на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.