Голема полициска акција вечерва во Скопје, неофицијално меѓу приведените и едно лице вработено во Агенцијата за национална безбедност, објави Сител.
Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција во која се приведени две лица од кои едното е вработено во АНБ, а за другото нема повеќе детали за кого се работи, но засега нема детални официјални информации.
Неофицијално, овие лица се приведени за уцена.
Инаку, оваа акција не ја спроведува Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврди за Сител преку телефонски разговор шефицата Вилма Рускоска.
Акцијата најверојатно се спроведува преку скопското Јавно обвинителство, објави Сител.