Шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со уловена „белвица“ пронајде синоќа патролната полиција во близина на хотел во Струга, на околу 600 метри од брегот на Охридското Езеро.
Според МВР, на околу 1.000 метри од брегот на Езерото се пронајдени и две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов.
Риболовниот алат е подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.