сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицискиот синдикат против расформирање на „Алфа“- не биле консултирани за новата систематизација

Полицискиот синдикат против расформирање на „Алфа“- не биле консултирани за новата систематизација

Независниот полициски синдикат обвинува дека новата систематизација во МВР ќе донесе поголеми притисоци врз службениците. Со новата систематизација се зголемува бројот на раководители, а според синдикатот, објавени биле интерни огласи во само 48 часа времетраење за пријавување, а со тоа унапредување добиваат само подобните.

-Сакаме да ја запознаеме јавноста дека оваа систематизација е спроведена без да Согласно одредбите од член 269 од Колективниот договор на МВР „Министерството е должно да обезбеди редовно и навремено информирање на Синдикатот и на работниците за: покрената постапка за изменување и дополонување на актите за организација и работа и систематизација на работните места во Министерството. Неинформирањето на Независниот синдикат на полицијата ја прави истата ништовна, вели портпаролот на Синдикатот, Дејан Саздовски.

Најнови вести