Денеска во Стразбур не беа прифатени бугарските барања кои го негираат македонскиот јазик и идентитет.
Амандманите дојдоа на предлог на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев, кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира признавањето на македонскиот јазик.
Овие амандмани беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур.
Еден од предлагачите на овие амандмани е бугарскиот политичар и поранешен премиер на Бугарија Сергеј Станишев кој важи за еден од најголемите поддржувачи на политиките на владејачката СДСМ.
Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите, затоа што антибугарската националистичка реторика припаѓа на ВМРО – ДПМНЕ. Тие продолжуваат со неа дури и сега. Природно користете го ова. Ова е нивна главна линија веќе 10 години откако тие владееја а Зоран Заев го смени правецот. Тој тргна напред кон иднината, тој тргна да гради мостови, презеде такви смели чекори кои што имаа многу сериозен политички ризик. Договорот со Бугарија беше замрзнат со години, за неколку месеци тој го одмрзна и го потпиша. Го презеде ризикот “, изјави пред две години Станишев.