На хартија декларативна заложба за професионализација, во практика се преземаат чекори за партизација на секој оддел во правосудниот систем на државата.
Осум месеци откако СДСМ е на власт, како пукнат балон издишаа очекувањето за реформи во правосудниот систем. Наместо реформи граѓаните гледаат само политички местенки, работа под притисок и политички конструкции.
Доколку го погледнеме новото прераспоредување на судиите во Кривичен ќе видиме дека власта е решена да го контролира судството во целост, преку поставување на партиски подобни судии.
Сомнеж за способноста на власта за способноста истата да направи нешто во насока на реформирање и независност на судството изразија и истакнатите активисти на шарената револуција, професорите Најчевска и Калајџиев, судијата Нанев, но и бројни експерти кои во изминатиов период важеа како блиски до СДСМ.
Одлуката на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, да направи нов распоред на судии, ќе ги запре постапките по илјадници предмети и ќе создаде вистински правен хаос во македонското првосудство. Имено цел Оддел за организиран криминал доби нов распоред на судии. Нови судии се поставени и во одделите за прекршоци и малолетници, од партиската рака не останаа недопрени ни истражните одделенија.
Новиот распоред на Џолев целосно го осакати Кривичниот суд кој со месеци нема да може да одржува рочишта и ќе се запре судењето на илјадници предмети, токму поради одлуката на претседателот Џолев. Но за СДСМ и Џолев целта ги оправдува средствата, а целта е драконски затворски казни и прогон на политичките неистомисленици на Заев.
Новиот распоред на судиите во Основниот суд Скопје 1-Скопје ја разбранува експертската јавност па така претседателот на Здружението на судии, д-р Џемаил Саити за емисијата 360 степени изјави дека сериозно стравува од клиентелистичкиот пристап на судиите кон новата власт.
Дека „нешто е труло во државата Данска“ – е Шекспировски цитат кој најреално ја отсликува ситуацијата во Македонија и функционирањето на правосудниот систем. Имено дека власта не сака реални реформи, туку партиска контрола над судството први видоа истакнатите критичари на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мирјана Најчевска и професорот Гордан Калајџиев, кои по ваквиот расплет на настаните во судството поднесоа оставка од Советот за реформи во правосудството.
Професорот Калајџиев, прв ја воочи неподготвеноста на власта за независно судство.
– Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред сè, тука мислам на самите судии, обвинителството во делот на правосудството, ниту на дел на инклузивноста на граѓанскиот сектор. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот Совет – рече Калајџиев.
Најчевска по оставката истакна:
-Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков експертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството. Фактички ова тело нема достап до никакви инфомрации, нема удел ниту во едно реформско решение и не учествува во анализите на законите кои се менуваат, пишува Најчевска во својата оставка која денеска не беше достапна да ја коментира оставката во Советот за реформи во правосудството.
Нетранспарентноста на Советот за реформи, но и неговата неиклузивност на сите чинители беше критикуван и од директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, која во изјава за Сител телевизија, рече:
Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно. Во Нацрт стратегијата за реформи во судството како Академија воопшто не бевме вклучени и покрај пораките дека новата Влада ќе биде транспарентна.
На катастрофалната ситуација во судството реагираше и судијата Лазар Нанев кој беше сериозен кандидат за Републички Јавен Обвинител. Нанев истакна дека Судскиот совет и новата извршна власт се наоѓа во една романтична љубовна врска во која советот се труди да и се додвори на извршната власт, а извршната власт привидно се бори за независност и прави се за таа да ја нема, додека Судскиот совет ги сместува своите кумови, другари и роднини на раководни позиции. Имено Нанев беше прворангиран за избор на судија во Апелацискиот суд Скопје, но советот ја избра треторангираната судијка Тања Милева од Велес, сопруга на Игор Милев член на ДИК од СДСМ.
Партизацијата на судството е очигледна и потврдена од голем број на експерти кои не штедејќи критики реагираат на чекорите превземени од новата власт за воспоставување целосна контрола на судството. Социјал Демократскиот Сојуз постапува спротивно на препораките на ЕУ и Прибе и од Македонија прави заробена државата каде нема поделба помеѓу извршната и судската власт.