среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Помош од АСОМ за семејствата на трагично загинатите во автобуската несреќа

Помош од АСОМ за семејствата на трагично загинатите во автобуската несреќа

Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) и нејзините постојани и придружни членки: Спорт Лајф, Моцарт, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Банана Кик, изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и што поскоро опоравување на повредените во автобуската несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани.

Членовите на АСОМ итно и едногласно донесоа одлука за донирање на средства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија.

Најнови вести