петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео побара од Франција да ја поддржи Македонија за НАТО и ЕУ

Помпео побара од Франција да ја поддржи Македонија за НАТО и ЕУ

Државниот секретар на САД Мајк Помпео побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во денешниот разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, пренесува МИА.

– Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ла Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

Најнови вести