сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пониски водостоите на реките

Пониски водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за мај и главно бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево, каде нивото е повисоко од просечното.

Повисок водостој од просечниот и тоа за 2,74 метри има и Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните. Кај Охридското Езеро водостојот е понизок за 15 сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, а кај Преспанското за 1,64 метри, но сепак за 13 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Најнови вести