Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност на дизајнот на логото што ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.
Сепак се би било во ред доколку не беа погрешени краците на македонското знаме, т.е станува збор за средишниот крак од нашето сонце кое треба да биде едно, но на логото е претставено со два крака.
Ова понижувачко логото по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност.
– Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Инаку ова не е прв и единствен случај каде власта ги има погрешено знамињата на многу земји, за да на крајот го промени или погреши македонското знаме.
КУРИР ја пренесува реакцијата на Владата која ја добивме по објавувањето на оваа вест:
Логото за јубилејот „30 години независност” е составено од повеќе елементи меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!