Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Времето во недела ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето во понеделник ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
УХМР за денес најави и актуелно предупредување!
Денес во попладневните и ноќните часови, како и утре времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.