вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поплава на „Илинденска“, водата се шири со огромна брзина (ФОТО)

Поплава на „Илинденска“, водата се шири со огромна брзина (ФОТО)

На булевар „Илинденска“ во близина на трговскиот центар Скопје Сити Мол во моментов има поплава.

Репортерот на КУРИР од терен информира дека водата се шири со огромна брзина, а причината е пукната цевка.

Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва поради дефект ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.

Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“.
Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.

Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15 часот до завршување на приклучокот.

Поради дефектот, дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.

Oд Град Скопје се огласија на Фејсбук.

-Ве известуваме дека на булевар „Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот, велат од Градот.

ФОТО: КУРИР

Најнови вести