четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поплавена клиника: Здравствениот систем остана без КАРИЛ

Поплавена клиника: Здравствениот систем остана без КАРИЛ

Здравствениот систем остана без КАРИЛ по вчерашната поплава.

Оваа клиника е поплавена и е надвор од функција.

Пациентите веќе се препраќаат по други болници и клиники, а за тоа стигна и официјално соопштение потпишано од министерот.

-Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово“, се вели во соопштението.

Најнови вести