сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја враќаат надежта кај младите дека во Македонија може да биде поинаку и постојат луѓе кои знаат и сакаат да направат нешто подобро

Попов: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја враќаат надежта кај младите дека во Македонија може да биде поинаку и постојат луѓе кои знаат и сакаат да направат нешто подобро

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, овде во Штип организираме трибина „Младински предизвици и перспективи на локално ниво“. На оваа трибина ќе се обратам јас, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој верувам дека има многу со што да се пофали пред младите луѓе во Штип со разни проекти реализирани за младите, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со нас е координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој ќе се осврне на оние моменти на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кога се предлагаат разни амандмани и законски решенија од интерес на младите.

Јас ќе се осврнам за се она што како политичка партија го планираме во периодот кој следи од аспект на Унија на млади сили.

Она што ме радува како претседател на УМС е масовноста на оваа трибина со што уште еднаш сакам да реафирмирам дека младите даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и ја гледаат промената.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои ја враќаат надежта кај младите дека во Македонија може да биде поинаку дека постојат луѓе кои знаат умеат и сакаат да направат нешто подобро, додава Попов.

Најнови вести