петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Ќе мотивираме голем број на млади луѓе да останат да создаваат и творат во Република Македонија

Попов: Ќе мотивираме голем број на млади луѓе да останат да создаваат и творат во Република Македонија

Пред некој период ние започнавме со една широка акција која што се нарекува „Иднина за сите во Македонија“, тоа претставува една акција во која ние се среќаваме со млади луѓе ширум државата од најразлични категории и сфери на општетсвеното функциониање. Во рамки на таа акција моментално сме во општина Куманово каде ќе разговараме на тема култура, изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, при посетата во Куманово.

Попов посочи дека разговарале со повеќе млади луѓе се со цел да се утврди што Унијата на млади сили и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија може да направат за да се мотивираат голем број на млади да се занимаваат со култура, да создават и творат овде во Република Македонија.

-Заедно со мене овде се повеќе културни работници. Пред да дојдеме овде имавме посета на едно прекрасно ателје, се со цел да разговараме со младите луѓе и да утврдиме што е она што ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ можеме да направиме за да мотивираме што е можно поголем број на млади луѓе да се занимаваат со култура, да творат и создаваат овде во Република Македонија, а не готов кадар да извезуваме надвор од државата, па потоа тие наши млади уметници, млади скулптури, млади вајари да творат и делуваат надвор од границите на Република Македонија, туку квалитетот да си го задржиме овде во нашата држава. За тоа ќе разговаме денес на овој настан во рамки на акцијата Иднина за сите во Македонија, кажа претседателот на Унијата на млади сили, Попов.

На крај тој порача дека овој процес ќе го завршат со пишување на сеопфатна младинска програма на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде презентирана на двовневниот саем за млади.

-Овој процес ќе заврши со пишување на сеопфатна младинска програма на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја презентираме на 22 и 23 јули во Македонската опера и балет во Скопје на дводневен саем за млади, вели Попов.

Најнови вести