понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Ковачевски и Арсовска да се извинат и дистанцираат од навредите на заменикот градоначалник на Скопје, во спротива ќе докажат дека тие ги нарачале и одобриле

Попов: Ковачевски и Арсовска да се извинат и дистанцираат од навредите на заменикот градоначалник на Скопје, во спротива ќе докажат дека тие ги нарачале и одобриле

Ковачевски и Арсовска ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги багра. Во отсуство на градоначалничката, заменик градоначалникот е тој кој ја менува и ги има ингеренциите. Вчера Данела Арсовска не беше на седница на Совет, нејзе ја претставуваше заменик градоначалникот Александар Трајановски. Тој од говорница ги вреѓаше приватните превозници нарекувајќи ги багра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски и Арсовска првин ги заглавија превозниците, натрупаа долгови и ги понижија, а сега ги вреѓаат. Ова е лицемерието на Ковачевски и Арсовска. Од една страна ги канат на преговори, од друга страна ги шиканираат. Данела Арсовска веднаш да се дистанцира од навредите на нејзиниот заменик и да се извини, а Ковачевски да ги осуди ваквите навреди кои доаѓаат од Арсовска. Во спротива ќе докажат дека целосно се согласуваат и дека навредите од заменик градоначалникот кон приватните превозниви однапред се договорени и одобрени од Димитар Ковачевски и Данела Арсовска. Скопје наместо да се развива, тоне во мизерија и примитивизам на неговите први луѓе. Наместо проекти и дела имаме расправии помеѓу првите луѓе Арсовска и нејзиниот заменик со сите други, тргнувајќи од вработените во градот и претпријатијата, завршувајќи со приватните превозници, вели Попов.

Тој додава дека Арсовска и нејзиниот заменик се деструктивни и не носат новини за градот, туку само поделби.

-Скопје не смее да биде заложник на деструкцијата на Арсовска. Скопје заслужува да оди напред, со Арсовска тоа не е возможно, рече Попов.

Најнови вести