петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Криминалците шетаат по улиците, а патриотите се во затворите, затоа ја започнуваме Македонската пролет до конечен пад на власта на Заев

Попов: Криминалците шетаат по улиците, а патриотите се во затворите, затоа ја започнуваме Македонската пролет до конечен пад на власта на Заев

Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да  им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското име како треба да ги нарекуваме, а не онака како што некои други од власта се обидуваат да им наметнат некој назив, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС  на ВМРО-ДПМНЕ,  на денешниот протест пред КПУ, Казнено-поправен дом Штип, под мотото „Собир за слободатa“.

-Тоа не се терористи, тоа се патриоти кои се бореа за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија. Ние младите имаме неколку пораки кои сакаме да ги упатиме до Зоран Заев. Притворените патриоти за нас претставуваат  модерни Гоце Делчев, Јане Сандански и модерни револуционери. Тие на нас младите ни оставиле аманет кој сите ние треба да го чуваме. Тоа е да си ја сакаме Република Македонија и да ги штитиме националните интереси на нашата единствена татковина, рече Попов и додаде:

„Ние не се согласуваме со тоа по улици да шетаат криминалците, а затворите да бидат полни со патриоти кои не направиле ништо друго освен патриотски чин. Нема да отстапиме, денеска ја започнуваме Македонската пролет. Не планираме да останеме, дома туку да останеме на улица се до конечен пад на оваа влада и за нас младите неважечка власт“.

Најнови вести