Младите во ВМРО-ДПМНЕ застапени се во сите партиски тела на партијата, како во Извшниот комитет така и во Централниот комитет и во општински организации и во месните комитети. Вклучени сме во носењето на, апсолутно, сите одлуки кои што ги носи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, вели Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија истакна дека застапеноста на младите во партиските органи не ја гледа само низ призмата да бидат застапени со некој процент, туку што реално на терен се гледа како опоплив резултат од тоа нивно присуство во тие партиски органи.
На дебатата на која се дискутираше за застапеноста на младите во политичките партии учествуваше и подмладокот на Социјалдемократскиот сојуз, Марко Михајловски до кој што Попов упати сериозни критики и запраша за тоа дали тие како подмадок, на партиските состаници ги отвараат прашањата за статусот на малдите во Македонија и условите во кои што живеат и учат студентите или учествуваат само за да пополнат број и дали воопшто има опопливи резултати од нивната партиска активност?
„Јас би ги запрашал, што прават тие на тие состаноци? Да една третина се, но дали кога седиме таму прашуваме зошто сеуште немаме во државата четири студентски градови, зошто младинскиот стандард е на тоа ниво, зошто младинската невработеност сеуште е на рекордни 34%, зошто државниот студенски центар, наместо да се грижи за условите во студентските домови и студентите да немораат секојдневно да преговараат, буквално, за топла вода, за подобар и подостоинствен оброк, за подобро парно греење за да немораат да носат дополнителни грејни тела и така натаму. Што навистина прават и дали овие прашања на партиските состаноци ги поставуваат и што добиваат како одговор“, запраша Попов.
Додаде дека, ние имеме пет години власт на политичката партија СДСМ и мислам дека таа политичка партија треба да почне да дава одговори на прашањата што се моментални и треба да се фокусираме на она што е реалност сега и што ќе биде реалност во иднина.
„Ние правиме планови што ќе реализираме во иднина, а сегашноста јас и моите врсници со кои комуницирам, а тоа не се само мои партиски другари, туку поширок круг на млади луѓе кои што немаат врска со ниту една политичка партија, констаттацијата на сите е дека стагнираме и дека не е реализирано апсолутно ништо. Пет годишното владеење на Социјалдемократскиот сојуз е една неиспишана табла“, истакна Попов.