четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Предложениот акциски план за загадувањето на воздухот на Владата од 2018-та никој не го знае и не се постапува по истиот

Попов: Предложениот акциски план за загадувањето на воздухот на Владата од 2018-та никој не го знае и не се постапува по истиот

Спомнавме збор два за национални стратегии, национални обединувања и сл. Има една вест која што вели дека Владата во 2018-та година до Собранието на Република Македонија достави акциски план за загадувањето на воздухот и решавањето на останатите еколошки проблеми. Тоа е прва и последна вест дека Владата било што направи на тема екологија, истакна Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисија на телевизија Клан.

Попов додаде дека национални стратегии за 2030, 2040 и 2050-та година па дури 2060-та ќе може да се прави кога ќе се види онаа од 2018-та иако никој не знае што пишува во таа стратегија, бидејќи јавноста ја нема ниту видено таа стратегија.

„Нема визибилност, бидејќи по истата таа стратегија не се постапува. Ако се постапува ќе се креираат разни активности, разни настани, промоции. Владата веројатно ќе сака да се фали ако нешто реализира бидејќи не гледаме таква работа за национални стратегии можеби треба да зборуваме со некоја си идна Влада“, рече Попов.
Тој апелира сите како граѓани да придонесат до помало загадување на воздухот.

„Без силен владин ангажман и сеопшта стратегија која што ја немаме во овој момент, реално ја немаме, можеме само да тапкаме во место и да си предлагаме паушални работи како да ги миеме улиците со цистерни и на тоа да се сведе нашата борба против загадувањето“, појасни тој.

Најнови вести