-Имаше една одлука, жална одлука на Владата за таканаречена рационализација на трошоците на владата и половина од мерките за рационализација се наменети токму кон младите. Таму предвидуваат замислете приватизација на студентските домови, од 5 студентски града ветени 2016 година ние сега стигнуваме до приватизација на веќе постоечките кои што се руинирани и изгледаат на сцени на некој холивудски хорор филм, потоа ќе го модифицирале субвенционираниот студентски оброк. Веројатно кога немаат проекти, кога немаат некоја тема или спот да извадат која е насочена кон млади они повторно го зборуваат субвенцинираниот студентски оброк и некако го модифицираат, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС и советник во градот Скопје во своето гостување на Радио Лидер.
Попов постави и неколку прашања во врска со субвенционираниот студентски оброк и тоа:
-За тој оброк јас би ги прашал зошто уште не е објавен јавниот повик, а студентската година е почната? Зошто студентите веќе не можат да аплицираат за да бидат корисници на тој субвенциониран студентски оброк? Дали јавниот повик не објавен поради тоа што немаат пари во Буџетот, па намерно го имаат заглавено оброкот во некакви си институционални лавиринти или која е причината?
Попов во своето гостување зборуваше и за приватизацијата на студентските домови каде посочи дека најверојатно во најавата за приватизација на студентските домови веќе е договорено кој ќе ги приватизира односно кој ќе стопанисува со студентски домови односно дали станува збор за некој договор помеѓу СДСМ и ДУИ.
-Јас би сакал да прокоментирам околу рационализацијата на владата за финансиите во државата, покрај субвенционираниот студентски оброк таму беше вметнато и приватизирање на студентските домови. Како УМС имавме бурна реакција, низа прес конференција и реакции по повод на таа најава од страна на владата и сакам да кажам зошто? Прво сме на линија со младите и со студентите во однос на оваа наша одлука да се спротивставиме на тој предлог на владата од повеќе причини. Нема млад човек кој што на тема приватизација, кога станува збор за СДСМ не му се крева коса, а тоа е заради минатото на таа партија. Понатаму станува збор за една корумпирана структура на власт со низа на скандали. Ние прашуваме дали најавата за приватизација е во насока на тоа дека веќе е договорен и кој ќе ги приватизира односно кој ќе стопанисува со студентските домови? Дали позади приватизацијата на студентските домови односно најавата не стои некој договор помеѓу СДСМ и ДУИ? Ние младите немаме причина да им веруваме на овие луѓе, на ниедна тема, а поготово не на такво сензитивно прашање како што е приватизацијата на студентските домови во Република Македониј, додаде Попов.