понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

Како по правило секогаш кога Димитар Ковачевски е фатен во небрано со некој скандал за фирма на неговиот кум или неговата сопруга, тогаш Данела Арсовска му скокнува во помош со некоја лага и манипулација за дефокус на јавноста. Ете ова е резултатот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска. Ете тоа е коалицијата Тачела на дело, изјави на денешната прес-конференција Сергеј Попов, советник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Истакна дека ако одбрале секој скандал за Ковачевски и владата да го дефокусираат со лага или манипулација, тогаш им препорачуват да имаат средби на дневно ниво и да измислуваат лаги како на фабричка лента.

Попов нагласи дека Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, корупцијата и неспособноста на оваа власт.

-Арсовска пак треба да знае дека лагите ќе треба да ги докажува на суд. Доколку заканите беа вистинити Арсовска требало да ги достави до МВР или да поднесе пријава и институциите контролирани од нејзините партнери од Тачела коалицијата веднаш да реагираат. Впрочем, јавноста памети дека имаше еден таков случај на упатувани закани и опожарено возило пред нецела година, од кој Арсовска можела да се поучи како да постапи доколку навистина има закани. Како ВМРО-ДПМНЕ сме загрижени за пресметливоста и психофизичката состојба на Арсовска, не заради неа самата, туку заради функцијата која ја извршува. Препорачуваме со големо внимание да се следи нејзината работа и со голема резерва да се земаат нејзините изјави, бидејќи покажа дека за кратко време може да каже голем број лаги со вешта глума, посочи Попов.

Најнови вести