„Советот во Град Скопје преставува една многу комплексна организација, опфаќа многу голема територија и повеќе ингеренции. Ангажманите се поголеми, и поопсежни. Постои една голема разлика помеѓу нас и советничките групи претходни на СДСМ во Градот Скопје која што би сакал да ја истакнам, а тоа е еден интересен факт дека во изминативе четири години владеење на СДСМ во Градот Скопје зборувам за функционирање на општинските совети, не бил прифатен ниту еден амандман на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нас сега кои што сме многу поконструктивни и многу поотворени за работа“, истакна Сергеј Попов, советник во советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио Лидер.
Попов додаде дека на минатата седница на Советот ВМРО-ДПМНЕ прифати неколку амандмани речиси од сите политички партии.
„Млади советници слободно можам да кажам дека се над 50 ширум Република Македонија. А, млади градоначалници еве само во градот Скопје можеме да земеме како пример дека најголемиот дел од нив се млади луѓе на 28-30 годишна возраст од прилика. Но, она што е мое големо радување е што речиси сите млади градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ потекнуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Што значи дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ е расадник на кадри како за партијата така и за државата“, појасни Попов.
Попов посочи дека од УМС потекнуваат Тимчо Муцунски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Бобан Стефковски итн.
„Така да навистина УМС претставува еден расадник на кадри во партијата“, рече Попов.