недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: Вечерва се одржа ораторската вечер „Гоце Делчев” во Куманово, настан на кој младиот човек му овозможува шанса да ги презентира своите вештини во јавното говорење, а има сериозна улога во градењето на здраво општество

ОРАТОРСКА ВЕЧЕР “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” во организација на УМС!

Моќни говори и настап, пораки за акција, повик кон правење дела насочени кон спас на младите и Македонија, како и решителност која дава надеж за подобра иднина за сите.

На мое големо задоволство, вечерва ја отворив и се обратив на ораторската вечер ,,Гоце Делчев” која се одржа во Куманово, а традиционално се организира од Унијата на млади сили.

Настаните кои на младиот човек му овозможуваат шанса да ги презентира своите вештини во јавното говорење имаат сериозна улога во градењето на здраво општество.

На Македонија, повеќе од кога било ѝ е потребно да се слушне гласот на младиот човек. Критичкото мислење, бунтовноста и способноста да се искаже сопствениот став, ќе бидат носечки карактеристики и особини на нашата генерација, која ќе донесе промени на подобро и вистинско унапредување на условите за живот во Македонија.

Честитки за Тамара Митковска, од Скопје, за освоеното прво место!

Најнови вести