На ден пред самиот старт на учебната година голема дилема и кај родителите и кај учениците. Министерството за образование и наука бара начин како да започне наставата, додека наставниците и професорите во последен момент учат нови програми.
Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и наставник во ОУ Кочо Рацин Скопје, за дневникот на ТВ Сител вели дека според последните информации кои што ги добила учебната година ќе започне преку Microsoft Times, а не според Националната платформа. Како што рече Попова, според ова ќе им бидат потребни 40тина минути на секој наставник да ги вклучи учениците да ја следат настават преку онлајн.
-Последните насоки кои што ги добивме од страна на директорот е дека утрешниот ден односно почетокот на учебната 2020/2021 година ќе почне со одделенски час со нашите одделенија и повторно нагласувам не преку националната програма, туку преку Microsoft Times. Ние треба да ги повикаме поединечно еден по еден сите ученици за да можат да се вклучат. Ако знаеме дека сега часот е само 30 минути нас само за да ги вклучиме учениците ни требаат најмалку 40тина минути. Така да може да замислите ако надлежните не планираат да отстапат од ова и да се вратиме на пример предлог на тоа што сме го работеле нас ќе ни треба само 40тина минути само да ги вклучиме ученици само во мојата паралелка, вели таа и додаде:
-Јас имам распоред за мојата паралелка, денеска ќе им го пратам. Ако работеше Националната програма ние како училиште и како нивни наставници бевме подготвени да ги држиме сите 6, 5 или 4 планирани часови, но за жал тоа не може да се случи.