Проблемот не е тоа што градската куќа е фрлена на страна, туку тоа што постои сомнеж дека Шилегов е фрлен на провизии и криминали, изјави на денешната прес-конференција, Ирена Попова, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов кој инаку треба да биде Градоначалник на сите Скопјани со објаснувањето дека градската куќа била фрлена на страна и затоа ја продава, изврши поделба и навреда на граѓаните, делејќи ги на ониe кои се близу центарот и сите останати кои како што вели тој се фрлени на страна. Но која е вистината? Зградата зад мене е одалечена само стотина метри од Владата на Република Македонија, и 400 метри од плоштадот „Македонија“. Што значи дека проблемот не е далечината туку тоа што Шилегов е фрлен на сомнеж за провизии и криминал. Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа однапред се знае? Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе бонбона бизнис со една компанија од странство? Дали е точно дека веќе во игра е зградата на поранешното ЕСМ, и дали се во прашање провизии? Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии? И дали со тоа што Шилегов дополнително инвестираше 3 милиони евра за финализирање на градската куќа, за која сега вели дека е промашен проект, не го оштети буџетот со цел да оствари корист за новиот купувач? Изјави Попова.
Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори. Две години Шилегов. Две години лаги, криминал и неработа, додава таа.