среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПОПОВА ШАПКА ЈА ЈАДЕ ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО – поскапи карти за скијачите годинава, знамето на половина копје нема кој да го развее повторно… (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Имено „ЕЛЕМ ТУРС“ оваа година ги зголеми и цените на ски картите поради глобалното зголемување на цените, а тоа значи дека Македонија секако го следи светскиот тренд во се, па и во зголемувањето на цената на картите.
ПОПОВА ШАПКА ЈА ЈАДЕ ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО – поскапи карти за скијачите годинава, знамето на половина копје нема кој да го развее повторно… (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ски сезоната речиси е на прагот да започне насекаде во регионот и соседството, додека во Македонија љубителите на скијањето и адреналинските зимски спортови се молат на Бога да заврне снег…

Овој викенд снег заврна на сите повисоки места низ земјава, па многумина заминаа на Попова Шапка за да поуживаат далеку од градот и густиот смог полнејќи ги белите дробови со чист воздух.

Сепак, освен чистиот воздух, Попова Шапка е разочарување за сите, особено за државата и власта.

Ски центарот кој е вистинско богатство во поширокиот регион го јаде забот на времето со години и буквално не мрда од мртва точка со децении.

Токму тоа вчера го потврди и иселеник кој со години живее надвор од Македонија, но решил да ја посети Попова Шапка поради паднатиот снег.

-Ски центарот е буквално ист како пред 20-тина години…, беа неговите разочарувачки зборови.

Инаку на Шапка единствено на што се гордее „ЕЛЕМ ТУРС“ оваа година се изградените скали за прв пат од нивното преземање на центарот во 2012 година,  како и поставената дрвена ограда…, да ќе заборавевме да го споменеме и асфалтирањето на речиси 100 метарската патека која го спојува паркингот со почетокот на скијалиштето ( делот познат за санкање на туристите).

Сепак тоа не е најголемото „ИЗНЕНАДУВАЊЕ“ за љубителите на зимските спортови кои едвај чекаат да започне сезоната.

Имено „ЕЛЕМ ТУРС“ оваа година ги зголеми и цените на ски картите поради глобалното зголемување на цените, а тоа значи дека Македонија секако го следи светскиот тренд во се, па и во зголемувањето на цената на картите.

Уште поголемо изненадување за скијачите ќе биде и дополнителното НАПЛАЌАЊЕ за користење на новиот шестосед чија употреба лани промотивно беше бесплатна.

И додека македонските граѓани ќе одвојат повеќе пари за да си овозможат скијање во Македонија, државата и ски центарот ќе ги изненади со преполните контејнери уште на самиот влез на туристичкото место, неасфалтираните улици со дупки, како и знамето кое е на половина копје веќе неколку дена (најверојатно нема кој да го развее) по завршувањето на деновите на жалост кои беа прогласени во земјава поради трагичната автобуска несреќа.

Инаку додека Македонија се моли да заврне снег, во соседна Србија ски сезоната на Копаоник е најавена да започне од 9-12 декември, додека во Бугарија ски сезоната во Банско е најавена за 18 декември.

Освен тоа добро упатените веќе знаат што се е инвестирано во овие два туристички центри подготвувајќи се за новата сезона 2021/2022, додека во нашата земја забот на времето ги јаде и последните остатоци изградени од времето на Југославија.

КУРИР и минатата година објави за катастрофалните услови на Шапка, но годинава за „среќа“ истите биле надминати и ски лифтот кој не работеше лани сега веќе е поправен.

Најнови вести