На изненадување на многумина, популарната албанска пејачка Аделина Тахири вечерва беше забележана во првиот ред на масовниот протест организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваа десетици илјади граѓани.
Тахири даде поддршка за протестот за ПРОМЕНИ, застаната рамо до рамо со сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.