вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради магла намалена видливост во Крушево до 30 метри

Поради магла намалена видливост во Крушево до 30 метри

Поради појава на магла во Крушево се бележи намалена видливост до 30 метри, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести