четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради магла намалена видливоста на повеќе места

Поради магла намалена видливоста на повеќе места

Намалена видливост на патните правци поради магла до 150 метри има кај Страцин, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен, до 40 метри видливоста е кај Штип и до 50 метри на Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има и можност од појава на одрони, како што се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести