Поради минирање утре во периодот од 11:00 и 14:00 часот во прекин од 10 до 15 минути ќе биде сообраќајот на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, информира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец село Гајре – Тетово. Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.