На ден 19.03.2021 (петок) на патниот правец А2 Кичево – Охрид , на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 ч. – 15:00 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.