Директорот на Државниот пазараен инспекторат, Стојко Пауновски, најав строга казна доколку се повтори настап во живо во Сити мол“ откао синоќа три девојки качени на бина со новогодишни песни ги забавувале купувачите во трговскиот.
„Ќе го затвориме целиот трговски центар доколку им се повтори да настапува бенд во живо. Инспекторите веднаш по дојавата отидоа на лице место, но забавата со бендот била завршена.
Разговарано е со директорката која објаснувала дека уметниците седеле и дека имало контрабас, а не знаеле дека и такви настапи се забранети. Бидејќи не затекнале прекршување, инспекторите на директорката и објасниле дека секаков вид јавни настапи на уметници се забранети и укажале дека доколку им се повтори јавен настап, ќе го затвориме трговскиот“ – вели директорот Пауновски за „А1он“.
Забраната за јавни настапи на уметниците, на отворен и на затворен простор е на сила од 21 октомври.