среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради низа законски повреди бранителите бараат Апелација да ја укине пресудата за „Тенк” и да го врати предметот на повторно судење

Поради низа законски повреди бранителите бараат Апелација да ја укине пресудата за „Тенк” и да го врати предметот на повторно судење

Суштествени повреди на кривичната постапка, повреда на Заштита на приватноста, според тоа како се прибавени аудио материјалите, апсолутната застареност на предметот се само дел од образложенијата на жалбите на адвокатите на Груевски и Поповски кои бараат Апелација да го врати предметот на повторно судење. Тие сметаат дека не може да се донесе пресуда која што се заснова само на 8 аудио снимки и никакви други докази. Обвинетите имаат право на барање за вештачење на автентичноста на материјалите, но тоа не им било овозможено од страна на судот.

Со незаконското прислушување на граѓани, се крши и законот за заштита на приватноста. Вештачењето е направено од ЕОС Консалтинг која е странска подружница, не е регистрирана во Централниот регистар и нејзин управител е Димитар Бузлевски – висок функционер во СДСМ. Вештачењето го извршиле повторно лица блиски до политичкиот опонент на Груевски и тоа без лиценца, која им била истечена во времето на вештачењето. А на одбраната не и било овозможено да присуствува на истото, со што се кршат принципите на еднаквост на оружјата и правото на правична одбрана. Исто така одбраната и обвинетите никогаш не ги добија аудио материјалите за да изврши автентичност.

Повреди има и во самата судска постапка. На одбраната не и беше овозможен разумен рок на закажување на рочиштата, па и беа повредени правата да има доволно време за подготовка.

Се читаа доказите во судницата и тоа само насловите од документи кои се копии а не оригинали, пишува во жалбите на адвокатите.

Најнови вести