Поради обилни врнежи од снег и засилен ветер вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци.
Како што соопшти АМСМ, забраната стартуваше од 17:20 часот.
Претходно, попладнево во 16:30 часот, од истите причини беше воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар во двата правци.