недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради одрони наизменичен режим на сообраќај на патот Скопје – ГП Блаце

Поради одрони наизменичен режим на сообраќај на патот Скопје – ГП Блаце
илустрација

На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести